Општински избори во Франција, прв изборен неуспех за партијата на Макрон

Со првиот круг на општинските избори, макронистите вчера го доживеаа својота прв изборен пораз, јави дописникот на МИА. Партијата Република во движење (ЛРЕМ) имаше многу малку градоначалници, таа не успеа да кандидира свои кандидати и најчесто се задоволи во поголемите градови да поддржи некои од редовите најчесто на Републиканците. Затоа партијата немаше големи амбиции на овие избори. Во големите француски градови, како Париз, сигурно е дека кандидатот на ЛРЕМ нема да успее, во Марсеј исто така. Во Лион постои ризик да се загуби градот, но и метрополата.

Во главниот град, каде движењето на макронистите го има најголемиот резервоар на гласови, екс-министерот Агнес Бужин, како што предвидуваа анкетите, се најде на третата позиција, со 17 отсто од гласовите, далеку зад социјалистичката градоначалник Ан Идалго (30 отсто). Во Марсеј, поранешниот претседател на Универзитетот Ивон Берланд се здобива со само седум отсто од гласовите, што го става … На последната позиција. Во Лион, упориштето на Жерард Колумб, листата на ЛЕРМ, поддржана од поранешниот министер за внатрешни работи, беше само трета, со 14,9 отсто од гласовите. Што се однесува до Стразбур, еден од ретките градови претставен како „освојлив” за ЛЕРМ, кандидатот Ален Фонтанел се најде зад екологот Жан Барсегијан.

-Французите избраа стабилност обновувајќи ја во огромно мнозинство на случаи, нивната доверба во нивниот градоначалник во заминување, се оправдува Станислас Герини, генерален делегат на ЛРЕМ, кој сепак подвлекува „интересни резултати”.

-Нема казнено  гласање, вели државната секретарка за еднаквост жени-мажи Марлен Шиапа, која се потпира на добрите изборни резултати на членовите на владата, скоро сите реизбрани во првиот круг, со исклучок на Премиерот Едуар Филип во Ле Авр. „

Некои амблемични градоначалници во заминување, поддржани од ЛРЕМ, исто така се наоѓаат во тешкотија. Ова е случајот на Жан-Лук Муденкс во Тулуз, кој води по првиот круг, но сериозно оспорен од левицата. Но, исто така и во Нанси, каде Лоран Хенарт се наоѓа во неповолна позиција против социјалистот Матијо Клан. „

– Ова е многу тешко за ЛРЕМ. Дури и ако продолжението на вториот круг од изборите е сè уште неизвесно, работната група на партијата започна во неделата навечер да работи на сојузите за во вториот круг, особено во Париз.т

Треба да знаете
Последни објави