Рекордно намалување на бензините

Регулаторната комисија за енергетика рекордно ги намали цените на горивата кои ќе се применуваат од полноќ.  Бензините СУПЕР 95 и СУПЕР 98 поевтинуваат за 7,5 денари, а дизелот за 6,0 денари. Новите цени на Еуросупер 95 ќе изнесува 54,5 денари, на Еуросупер 98 за 56,5 денари, а дизелот 48,5 денари.

Драматичниот пад се должи на падот на цената на нафтата на светско ниво. Ова е рекорден пад на цената на горивата во земјава.

Од Регулаторна соопштија дека поради корона вирусот, додека траат мерките, нема да има исклучување на вода, струја и парно.

Треба да знаете
Последни објави