Русија забранува влез за странци од 18 март до 1 април

– Русија ќе го ограничи влезот на странци од 18 март до 1 мај поради ширењето на новиот коронавирус. Соодветната одлука ја донесе доцна попладнето Владата.

Рускиот премиер Михаил Мишустин изјави дека ограничувањата за влез нема да важи за возачи, дипломати и лица кои трајно живеат во Руската Федерација.

-Ограничувањето за влез не се применува на екипажите на авиони, морските и речните бродови, меѓународен железнички сообраќај, членовите на официјалните делегации и лицата кои имаат дипломатски, службени, обични приватни визи издадени во врска со смрт на близок роднина, се вели во соопштението.

Русија денеска ја затвори границата со Белорусија.

Треба да знаете
Последни објави