Сопственикот на германскиот фудбалски бундеслигаш Хофенхајм, милијардерот Дитмар Хоп, од негативец, преку ноќ може да стане херој, ако успее со научниците од неговата компанија да го пронајдата „лекот“ против коранвирусот кој го стресе целиот свет. Според германски „Шпигел“, компанијата на Хоп е во финална фаза за пронаоѓање вакцина против вирусот со кој се бори целиот свет.
Хоп во спортската јавност не е омилен човек и постојано е навредуван од навивачите во Германија, кои сметаат дека Хофенхајм е вештачки проект. Ако Хоп успее да го спаси светот од коронавирусот навивачите би можеле да го сменат мислењето. И американски компании работат на развививање на вакцина против овој вирус. Се појави информација дека претседателот на САД, Доналд Трамп, бил заинтересиран да има контрола над вакцината со тоа што би ја купил компанијата на Хоп.