Три многу вредни слики биле украдени од галеријата на Универзитетот Оксфорд, меѓу нив и слика на војник на коњ на фламанскиот сликар Антонис Ван Дaјк од 1616 година.
Ван Дијк беше водечки сликар на Англија за време на кралот Чарлс Први, јави „Би-би-си“.
Покрај сликите на Ван Дајк, украдени се и слики на Салваторе Роуз од 1640 година и на Анибал Карачи од 1580 година.
Полицијата соопшти дека истрагата е во тек и ги повика сите што забележале нешто сомнително да пријават.
Портпаролот на оксфордскиот колеџ Крајст Черч каде што се наоѓа галеријата, рече дека персоналот ја известил полицијата за кражбата и дека галеријата ќе биде затворена до понатамумошно известување.
Според него, украдените слики се многу вредни и ќе се засили присуството на полицијата во областа.