– Австрискиот канцелар Себастијан Курц утре ќе разговара со шефовите на владите на Западен Балкан и со еврокомесарот Оливер Вархеји за понатамошните чекори на регионот кон ЕУ.
Конференцијата, на која ќе учествуваат претставници на земјите од ЕУ, требаше да се одржи во Виена, но поради коронавирусот договорено е да се одржи преку видео-врска.
Според соопштението на австриската Влада, покрај натамошните чекори на регионот кон ЕУ, ќе се дискутира и за актуелните политички прашања.
Најавено е дека на видео конференцијата ќе присуствуваат албанскиот премиер Еди Рама, претседателот на министрите на Советот на БиХ Зоран Тегелтија, црногорскиот премиер Душко Марковиќ, премиерот на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, премиерот на Косово Албин Курти и српската премиерка Ана Брнабиќ.