Хашкиот суд се прогласи за ненадлежен за барањето на Киев за крајбрежни права на Крим

Постојаниот арбитражен суд (ПЦА) во Хаг одби да донесе пресуда во врска со спорот меѓу Русија и Украина во врска со крајбрежните државни права во Црното Море, Азовското Море и теснецот Керч, се вели во документот објавен од ПЦА, пренесува ТАСС.

„Во својата одлука од 21 февруари 2020 година, Арбитражниот суд, едногласно го поддржува приговорот на Руската Федерација дека Арбитражниот суд нема надлежност над барањата на Украина бидејќи за пресуда на Арбитражниот суд за основаноста на тврдењата на Украина е потребно е тој да одлучи, директно или имплицитно, за суверенитетот на која било страна над Крим “, се вели во документот.

Украина мора да претстави ревидирана верзија на своите барања до 20 ноември, по што Русија ќе треба до 20 август 2021 година да испрати одговор.

Украина иницираше правни постапки по ова прашање на 16 септември 2016 година. Според Украина, Русија ги крши суверените права на Украина за користење поморски зони и континенталниот брег во Црното Море, Азовското Море и теснецот Керч кај Крим, вклучувајќи ги и правата на природните ресурси. Киев бара Москва да престане да ги крши правата на Украина и да ги надомести направените штети. Русија ги отфрла сите тврдења.

Треба да знаете
Последни објави