Белгија: Козметичарите престануваат со работа, ги нудат маските за лекарите

– Белгиската федерација на козметичари соопшти дека состојбата е премногу ризична за оваа група работници поради коронавирусот и нуди да им помогне на медицинските екипи доколку е потребно, јави дописничката на МИА.

Институтите за убавина и други козметичарски дејности треба да прекинат со работа веднаш, а оние козметичари кои имаат медицинска обука или искуство да се пријават да помагаат во болниците на волонтерска база, ова е одлуката на федерацијата “Бјути” на Белгија, во знак на солидарност.

-Третманите за убавина мораат веднаш да престанат, козметичарите допираат дневно помеѓу 15 и 20 лица во просек, потсетува федерацијата, поради што ризикот во овој сектор е огромен да се рашири вирусот.

Осумдесет и девет отсто од козметичарите се согласиле дека треба да затворат додека трае кризата.

-Ако затворат салоните ќе можеме масовно да ги донираме маските за болниците каде има огромен недостаток, зборуваме за 30 илјади, 40 илјади маски, изјави претседателот на федерацијата и порача дека сака да отвори пункт за донации на маски. 

Треба да знаете
Последни објави