– Во Австрија со коронавирусот се заразени вкупно 1.016 лица, соопшти денеска Министерството за здравство во Виена.
Бројот на заразени лица уште претпладнево надмина илајда, само два часа по официјалното соопштување на утринските информации кои секојдневно се објавуваат секој ден после 8 часот кога имаше 959 заразени.
Во најновите информации за бројот на заразени лица се наведува дека се извршени 8.490 тестирања.
Исто така се информира дека од појавата на коронаворусот во Австрија на крајот од февруари, досега оздравеле шест лица, а тројца починале.