Шпанија пријави скоро 1.000 нови инфекции на коронавирусот во последните 24 часа, со што вкупниот број на случаи е 8.744, откри шпанското Министерство за здравство.
Во истиот период, бројот на смртни случаи се зголеми за девет на 297, изјави координаторот за вонредни состојби во Министерството, Фернандо Симон, додека Мадрид останува најтешко погодениот регион со 4.665 случаи.
За да го спречи вирусот, Шпанија прогласи состојба на подготвеност, ги затвори сите служби освен основните услуги и му нареди на населението – 46 милиони луѓе – да остане дома.
припадниците на шпанската воена единица за вонредни состојби (ОМЕ) се распоредени во сообраќајните центри како Јужен Тенерифе и аеродромот Малага, како дел од операцијата која обезбедува дека луѓето се држат на безбедно растојание едни од други.