Демократски сојуз: Почитување на мерките и одложување на изборите

Демократскиот сојуз оценува дека мерките кои се преземаат, граѓаните и компаниите во целост ги почитуваат. Целосната имплементација на насоките, препораките и одлуките на Владата за спречување на ширење на Корона вирусот – Ковид 19, гарантираат забавување на ширење на епидемијата и намалување на последиците по здравјето на граѓаните.

Врвен приоритет е здравствениот систем да функционира, како и производството во целина, посебно на храна, лекови, вода, енергија и сл.

Парламентарните избори да се одложат, а во работата на Владата да се вклучат врвни експерти.

Доколку досегашните мерки ги даваат очекуваните резултати, да не се воведува вонредна состојба. Кризна состојба да се определува таму кадешто ќе биде неопходно.

 

Треба да знаете
Последни објави