Задолжително мерење на температурата на секој посетител во Белата куќа

Белата куќа од денеска воведува нови заштитни мерки за претседателот Доналд Трамп и неговиот персонал за време на епидемијата на коронавирусот, вклучително и мерење на температурата на секој што ќе влезе во комплексот, од посетители до новинари.

Новите мерки се засилување на скринингот што започна во саботата за секој што се приближува до Трамп и потпретседателот Мајк Пенс, кој го предводи тимот за борба против вирусот, пренесува АП.

„Од понеделник ќе ја мериме температурата на секој што ќе влезе во Белата куќа за да го одржиме целиот комплекс безбеден“, рече портпаролот Џад Дир и додаде дека ќе се вршат дополнителни проверки на температурата на лица во близок контакт со претседателот и потпретседателот во текот на денот.

Вработените од медиумите покрај мерките од Белата куќа преземаат и самостојни чекори за ограничување на изложеноста на вирусот.

Треба да знаете
Последни објави