Луј Витон почнува со производство на средства за дезинфекција

 Компанијата Луј Витон ќе започне да произведува средства за дезинфекција на рацете, бидејќи во Франција нема доволна количества, а на властите ќе им биде доставена бесплатно. Во соопштението на компанијата се истакнува дека за тоа ќе биде користена производната линија на парфеми и козметика. Производството на средствата за дезинфекција ќе започне денеска и ќе трае се додека здравствените власти во Франција сметаат дека е потребно.

Во Франција досега се починати 120 лица од коронавирусот, а властите во борба со епидемијата ги затворија рестораните, кафулињата и сите продавници што не продаваат основни животни продукти. Француските власти, исто така, апелира до сите производители да помогнат во производството на средства клучни во борбата со коронавирусот, што недостасуваат во Франција.

Треба да знаете
Последни објави