Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, се заложи светските влади усогласено да делуваат во спречувањето на рецесијата на светската економија заради ширењето на коронавирусот.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) неодамна предупреди на сериозноста од забавување на светска економија заради пандемијата од коронавирусот, што ќе зависи од нејзиното траење и реакциите на владите.
ММФ во април треба да ги објави своите ажурирани економски прогнози.
ММФ и во декември предвидуваше светски раст од 3,3, отсто, но тоа беше пред нарушувањата на светско ниво што беа поврзани со пандемијата од коорнавирусот, како што беа затворањето на трговските синџири, ограничувањата на движење, откажувањето на спортски и културни настани.
На почетокот на февруари директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, предупреди дека растот во 2020 година ќе биде помал од 2,9 отсто, колку што беше и во 2019 година, но не можеше да предивиди колку тој ќе изнесува.