Премиерот на Романија, Лудовик Орбан денеска изјави дека е прерано да се размислува за одложување на локалните избори, што се закажани на 28 јуни.
Тој додаде дека во зависност од ситуацијата со новиот коронавирус ќе бидат донесени соодветни одлуки.
– Знаете дека се откажавме од првиот датум, што го сметавме за добар, 14 јуни и во консултации со парламентарните партии, во принцип е договорено локалните избори да се држат на 28 јуни. Ќе видиме како ќе се развива сиуацијата и ќе одлучиме дали да ги одложиме изборите или не, исто така во консултации со парламентарните партии, посочи Орбан.
Тој додаде дека е тешко да се предвиди како ќе се шири новиот коронавирус