Кинескиот милијардер и сопственик на компанијата Алибаба, Џек Ма ќе им донира на САД еден милион заштитни маски и 500.000 тестови за коронавирусот.
Тестовите и маските се веќе подготвени и се чека почеток на доставувањето, а како што истакна Ма, најефективна борба против вирусот се точното тестирање, заштитна облека кај медицинскиот персонал и ефективна превенција.
Ма на својот Твитер објави фотографии на спакувани производи кои треба да се внесат во авион во Шангај.
Тој понуди помош непосредно откако американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во земјата, обезбедувајќи користење на 50 милијарди долари од федералниот буџет.
Компанијата Алибаба досега им донираше опрема на Јапонија, Јужна Кореја, Италија, Иран и Шпанија. Истовремено, Ма подготви и два милиона маски и 100.000 тестови за европските држави.