Министерот за здравство Венко Филипче одржа прес-конференција на која информираше за состојбата на заразените пациенти со коронавирусот, како и за резултатите на лицата кои денеска беа тестирани.
-Денеска имаме пет нови позитивни пациенти и двајца дијагностицирани кои што ќе треба да се потврдат. Утрово беа тестирани седум лица, негативни се резултати на три лица од Дебар, на двете лица чии резултати стигнаа од Штип и едно лице на инфективната во Скопје. Позитивни се резултатите на една пациентка во Скопје, има 54 години се вратила од Холандија, развила симптоми, и денеска се јавила на преглед на Инфективна, била во домашна самоизолација, според нејзиниот исказ, а во моментов се контактираат 31 лице кои биле со неа во авионот.
Таа е со лесна клиничка слика, со тоа бројката на заразени пациенти кои се на Инфективната клиника е 14- рече Филипче.
Во клиниката Жан Митрев се јавиле двајца пациенти кои биле позитивни на тестот, но ќе треба да ги потврдиме резултатите во нашите лаборатории.