– Хроничната терапија ќе може да ја продолжува матичниот лекар и ќе ја издава и за период повеќе од шест месеци, здравствените установи од дејноста на специјалистичко-консултативната здравствена заштита и општа стоматологија пружаат здравствени услуги само за итни случаи со оглед на методологијата, техниката на работа и опасноста од ширење на болеста заради тоа што се работи со болести на устата, а издавањето и заверката на ортопедските помагала ќе ја вршат матичните лекари, истакна вечерва министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција во Владата.
Тој појасни дека тоа се одлуки на Фондот за здравствено осигурување кои се однесуваат на измена на нивниот правилник.
– Значи пациентите нема да треба да одат во подрачните единици на Фондот, туку по автоматизам тоа ќе го направат со директен контакт со матичните лекари.