ФФМ го одложи редовното годишно Собрание

Фудбалската федерација на Македонија следејќи ги заклучоците, мерките, препораките и забраните на Владата на Република Северна Македонија поврзани со заштита и превенција од коронавирусот SARS-CoV-2, како и прогласувањето на пандемија од страна на Светската здравствена организација, донесе одлука за одложување на Редовното годишно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија кое беше закажано за 21. март 2020 година.

Јавноста и фудбалското семејство навремено ќе бидат известени за терминот за одржување на Редовното годишно Собрание кој дополнително ќе се утврди.

Имајќи го в предвид пред се здравјете на фудбалерите, гледачите и сите други фудбалски актери, Фудбалската федерација на Македонија постојано ја следи ситуацијата со коронавирусот SARS-CoV-2 и постапува согласно препораките на јавно – здравствените институции.

Треба да знаете
Последни објави