Австрија го ограничи бројот на новинари на прес-конференции

Австриската Влада, како дел од мерките за намалување на ширење на коронавирусот, го ограничи и бројот на новинари на сите владини и министерски прес-конференции.

Пренесување на вестите од лице место овозможено им е само на австриската државна телевизија ОРФ и медиумската агенција АПА.

Сите останати медиуми не ќе можат да присуствуваат на прес-конференциите.

Во соопштението на Владата на Австрија се наведува дека ОРФ и АПА бесплатно ќе ги стават на располагање аудиовизуелните материјали за другите медиуми.

Весниците ќе можат да постават прашања за членовите на Владата по електронска пошта, преку агенцијата АПА, чии новинар на прес-конференции ќе ги постави во нивно име

Треба да знаете
Последни објави