Беговиќ: Не сте свесни колку е лоша ситуацијата во Милано

Жариштето на пандемијата со короанвирусот во Европа е во Италија каде има заразено околу 25.000 лица и досега починати  се 1809. Се е замрено во Италија, па и фудбалот. Натпреварувањето во Серија А е суспендирано до почетокот на април. Во Италија на сила е вонредна состојба за да се спречи ширењето на коронавирусот.
– Се е застана. Улиците се празни. Единствено работат маркетите. Луѓето одат купуваат храна и веднаш се враќаат дома. Ова е лудо – ја пренесува ситуацијата босанскиот фудбалскли нитеранционалец Асмир Беговиќ за „Дејли Меил“. Голманот на Милан кој пристигна зимово како позајмен играч од англискиот Бормунт неможе да поверува што се случува.
– Милано е голем град. А ова што го гледам ми изгледа како да сум на филм. Не сум сигурен дали луѓето се свесни колку е лоша состојбата тука. Верувајте сите се загрижени и исплашени. Има толку многу починати и заразени. Не сте свесни колку е лоша ситуацијата – вели Беговиќ.
Во Италија има најмногу заразени фудбалери со коронавирусот. Викендов листата со позитивни фудбалери на вирусот се проширио со уште седумина од редовите на калчолигашот Сампдорија.
– Ова е ноќна мора. Можеме да се надеваме дека сево ова ќе помине. Прво игравме без публика, а потоа како се влошуваше состојбата, се се откажа. Не верувам дека ќе продолжиме во април, а мене ми е чудно да седам дома и да не тренинам – вели Беговиќ.

Треба да знаете
Последни објави