Поради коронавирусот во словенечкото Собрание ќе се одржуваат само итни седници, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Според одлуката на колегиумот на претседателот на Собранието, во март и април ќе се одржуваат само вонредни седници, а редовните се презакажени за во мај. Ова значи дека сите закони кои беа на дневен ред наредниов период ќе бидат ставени во мирување.
Првата ваква вонредна седница е закажана веќе за в среда.
Претседателот на Собранието Игор Зорчич изјави дека на оваа седница ќе се разгледуваат три предлог закони со кои треба да се помогне борбата против коронавирусот.