Гутереш: Вирусот ја зарази и светската економија

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, се заложи светските влади усогласено да делуваат во спречувањето на рецесијата на светската економија заради ширењето на коронавирусот.

„Освен што ја предизвика кризата на јавното здравство, вирусот ја зарази и светската економија“, напиша Гутереш во уводникот на португалскиот дневен весник „Публико“, пренесе Хина. Спиред него, ширењето на вирусот го наруши синџирот за набавка и предизвика пад на вложувањата и потрошувачката, што доведе до „реална и се поголема опасност од рецесија во светот.

„Ниту една земја не може сама да се бори. Повеќе од кога било претходно владите мора да соработуваат и да ја засилуваат економијата, да ги зголемат јавните вложувања, да ја поттикнуваат трговијата и да ги подржат заедниците и поединиците кои се зафатени од болеста“, вели тој.

Треба да знаете
Последни објави