Конечно, добри вести за тестирање од коронавирусот

Итното одобрување на новото и побрзо тестирање за коронавирус од Рош е позитивна вест, но потребни се повеќе алатки.

САД ги добија првите добри вести за тестирање од коронавирусот, после неколку седмици слушање за ништо друго освен за одложувања и опасно несоодветен капацитет.

Управата за храна и лекови објави итно одобрување на тестот од Рош Холдинг АГ што може да ги испита пациентите значително побрзо за разлика од веќе постоечките опции. Ова е добра вест за Рош – со ова одобрување порасна вредноста на акциите за околу 7%, за разлика од ниските бројки во текот на целата седмица – како и за одговорот на Америка за вирусот COVID-19. Откако овие тестови ќе бидат во тек, истите треба да започнат да им помагаат на Соединетите Американски држави за да се справат со опасното заостанување и да им дадат на повеќе луѓе информации, како и грижата што им е потребна.

За жал, неможноста на земјата да тестира доволно луѓе веќе со седмици, придонесе за појава на епидемија, која веројатно ќе се зголеми значително во наредниот период и нема да биде сопрена за скоро. Не ни требаат само повеќе лабораториски тестови; туку и други важни алатки што ги немаме сега – вклучително и т.н. серолошки тестови и дијагностицирање на лице место – би можеле да играат клучна улога во помагањето за подобро мерење на големината на појавата и контрола на ширењето на вирусот.

Серолошката дијагностика овозможува детално испитување на примероци од луѓе кои не се потврдени случаи на COVID-19. Ако луѓето биле изложени и развиле антитела против вирусот, со ваквите тестови ќе може да се известат официјалните лица од јавното здравство. Ова е неверојатно вредна информација во борбата против болест која е блага или асимптоматска кај многу луѓе. Во прилог на давање подобра претстава за тоа колку случаи ни недостасуваат и за вистинската стапка на смртност од COVID-19, исто така, може да идентификува области каде што се шири потивко и да помогне во обезбедување директен потребен одговор. Директорот на Центрите за контрола на болести Роберт Редфилд, неодамна изјави пред Конгресниот комитет дека неговата агенција има два теста од ваков вид во развој. Нивното брзо распоредување е особено клучно во САД, каде што едноставно не постојат сигурни информации за тоа до каде е оваа болест и колку луѓе ја имаат.

Друг важен чекор би вклучувал преместување на условите за тестирање надвор од лабораториите во ординациите на лекарите. Идеално, давателите на услуги треба да бидат во можност да нарачаат и да извршуваат тестови брзо и на лице место, како што и сега се прави за други вируси како што е грипот, наместо да ги испраќаат во прескапи лаборатории. Точен и брз тест од овој вид ќе значи дека помалку луѓе ќе останат во неизвесност за статусот на инфекцијата, значително ќе помага во изолацијата, набљудувањето и напорите за лекување. Луѓето би можеле да бидат дијагностицирани во многу поширок опсег, со што се намалува ризикот од натамошно ширење на вирусот и ќе се чуваат надвор од болниците, кои што за возврат на тоа ќе може да се посвети повеќе внимание на тешките случаи.

Пошироката палета на дијагностика ќе овозможи поголем и понасочен надзор и ќе ја намали потребата за забрани за патувања и другите мерки за ограничување, а штетни за економијата. Поддршката од Управата за храна и лекови треба да биде наменета за компании и лаборатории кои работат на вакви тестови за да ги одобрат и дистрибуираат брзо.

Заклучуваме дека ова се добри вести за Рош и борбата против вирусот, но ние сме се уште во раните фази на оваа појава. И ни треба повеќе моќ.

https://www.bloomberg.com/opinion/articles/2020-03-13/roche-coronavirus-testing-approval-should-be-just-start

Треба да знаете
Последни објави