Курц: Австрија е на почетокот на кризата, се забранува собирање на повеќе од пет луѓе на едно место

Австрија од денеска е во вонредна состојба поради кронавирусот. Заострените мерки ќе траат една недела, а потоа ќе се направи проценка што понатаму, изјави австрискиот канцелар, Себастијан Курц.

Тој нагласил дека Австрија е на почетокот на кризата и дека се очекува заразата следните денови да земе уште поголем замав.

Курц рекол дека мора да ги разочара сите што мислат дека мерките важат од денес за утре и дека драстичните мерки и ограничувањата за движење треба доследно да се спроведуваат за да се забави ширењето на вирусот.

„Ќе ја пребродиме кризата побргу ако сите сме многу дисциплинирани“, истакнал Курц.

Од денеска во Австрија е ограничено движењето на јавни места и има забарана за собирање на повеќе од пет луѓе на исто месо. Воведени се и ограничувања за влез во земјата.

Се препорачува да се минимизираат социјалните контакти, а луѓето да ги напуштат своите домови само ако одат на работа, да купат намирници и лекови или да им помогнат на другите.

Меѓу другото, со суспендирање на сите културни и религиозни настани, сите образовни институции, повеќето од продавниците освен оние што продаваат храна и лекови, ќе бидат затворени, а сите гастрономски објекти, спортски центри и игралишта ќе бидат затворени од вторник. Полицијата ќе го следи спроведувањето на мерките и непочитувањето ќе биде казнето.

Според Министерството за здравство и социјална заштита, во Австрија има 959 заразени лица со коронавирус, од кои шест се опоравиле, а две починале.

Треба да знаете
Последни објави