Лацио заинтересиран за Ловрен

Бранителот на лидерот во англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција Ливерпул, Дејан Ловрен може да се пресели во Рим, објави „Спорт Медијасет”. Раководството на Лацио е сериозно заинтересирано да го донесе на „Олимпико” играчот чиј договор со премиерлигашот му важи до летото 2021 година.

„Црвените” за 30-годишниот Ловрен бараат оштета од 15 милиони евра.

Хрватскиот фудбалер игра за Ливерпул од 2014 година. Тој досега има над 100 натпревари за клубот. Во 2018 година со Хрватска го освои второто место на Светското првенство. На 14 средби од тековната сезона, тој има еден гол и една асистенција.

Треба да знаете
Последни објави