Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска свика нови разговори на лидерите на ЕУ, а главна тема е коронавирусот. Разговорот на лидерите ќе се одвива преку видео конференција, најави Мишел на својот Твитер профил.
-Запирање на ширењето на вирусот, обезбедување доволни количества медицинска опрема, поинтензивни истражувања и ограничување на економските последици се клучни, нагласи Мишел.
Лидерите на ЕУ на 10 март на видео конференција побараа секојдневна консултација со министрите за здравство и министрите за внатрешни работи на ЕУ и формираа така наречен Корона фонд за помош во решавањето на економското влијание од пандемијата.
Европската комисија даде предлог за ограничување на извозот на медицинска опрема надвор од државите на ЕУ.