Маркет во Северна Ирска по еден час дневно ќе работи само за постари лица

Синџирот на маркети во Северна Ирска, „Исланд Фудс“ одлучи да ги отвори своите врати исклучиво за постарите лица во Белфаст, почнувајќи од вторник 17 март, во термин од 8 до 9 часот наутро.

На овој начин маркетот ќе им овозможи и на постарите граѓани да дојдат до неопходните производи за време на пандемијата од коронавирус.

Во соопштението се вели: „Исланд Фудс“ во вторник 17 март, од 8 до 9 часот ќе биде отворен исклучиво за постартите граѓани. Се молат останатите да ја почитуваат одлуката, објавија медиумите во земјата.

Менаџментот на ланецот во неделата го повика населението да престане да паничи за време на пандемијата од коронавирус, објаснувајќи дека заради таквото однесување, многумина на кои им требаат производите ќе останат без нив.

„Ја разбираме вашата загриженост, но ако купите повеќе отколку што навистина ви е потребно, тоа ќе значи дека некој друг ќе остане без потребните намирници и други артикли. Ако сме разумни и дејствуваме заедно, ќе има доволно за сите”, се вели во соопштението на раководството на маркетите.

Треба да знаете
Последни објави