Спуштена рампа за меѓународните автобуски линии

Се затвара меѓународниот автобуски превоз, дознава 24 инфо. Одлуката е донесена пред малку  на состанок меѓу компаниите кои се занимаваат со оваа дејност. Во исто време се редуцира меѓуградскиот превоз кој и онака бил намален за 70 отсто.   Го контактиравме сопственикот на Руле Турс кој управува со меѓуградската автобуска во Скопје, Масар Омерагиќ кој ја потврди оваа информација.

– Затварањето беше неминовно поради затварање на границите. Намален е и бројот на патници и економски неисплатливо да се работи. Во вакви услови е и невозможно да се работи. Очекувам да ги слушнам новите мерки на Владата од кои ќе зависи понатамошниот тек на настаните. Наредните два три дена ќе ја следиме ситуацијата како е се одвива и ќе ги примениме новите мерки- вели Омерагиќ.

(В.А.)

Треба да знаете
Последни објави