Телефонски броеви за психолошка поддршка граѓани и ранливи групи на пациенти

ЈЗУ Универзитетската клиника за психијатрија – Скопје ги информира граѓаните дека во наредниот период, во врска со новонастанатата ситуација со COVID 19, ќе организира дополнителна телефонска психолошка поддршка за оние граѓани и ранливи групи на пациенти на кои овој вид помош им е потребна и тоа:

1. Психолошка поддршка на родители на деца на предучилишна и училишна возраст – тел. 072912676
2. Психолошка поддршка на возрасни лица во самоизолација – тел. 072919009
3. Психолошка поддршка на граѓаните на општина Дебар и општина Центар Жупа, во соработка со Општа Болница Дебар тел. 070 241 807
4. Пациентите закажани во Мој Термин за психолошко советување и психотерапија во закажаниот термин ќе бидат контактирани од страна на психолог и ќе се спроведуваат телефонски, со можност за видео врска на некоја од интернет мрежите (по договор).
5. Психолошка поддршка на хоспитализирани пациенти поради COVID-19 , во соработка со ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби
Граѓаните можат да се јавуваат на овие телефони од 9 – 16 часот, од 17.03.2020.

Треба да знаете
Последни објави