УНИЦЕФ: Над 4,8 милиони деца се родени од почетокот на војната во Сирија

– Се навршува уште една срамна годишнина од војната во Сирија. Милиони деца влегуваат во втората деценија од животот опкружени со војна, насилство, смрт и раселеност, изјави извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Форе.

На 15 март 2011 година десетици илјади Сиријци почнаа мирни протести во градовите, барајќи оставка од претседателот Башар ал Асад. Сириската власт на демонстрациите одговори со сила, а секој што се спротивстави беше прогласен за терорист. На мета на власта први беа опозициските лидери и активистите, кои беа апсени и мачени, а голем број се водат како исчезнати.

Според податците од 2014 година, кога официјално почна мониторингот во Сирија, за време на војната убиени или повредени се повеќе од 9.000 деца. Во истиот период приближно 5.000 деца, некои од нив имале само седум години, кога се регрутирани за борби.

УНИЦЕФ тврди дека две-петтини од училиштата во Сирија не можат да се користат бидејќи се уништени, оштетени или се употребувааѕ како центри за раселените лица или во воени цели.

– Нашата порака е јасна, престанете да ги бомбардирате училиштата и болниците. Престанете да ги убивате и мачите децата. Премногу деца страдаат веќе премногу долго, истакна Форе.

Треба да знаете
Последни објави