Ситуацијата е под контрола. Во споредба со Европа се чини како мала бројка, иако не треба да се залажуваме. Веројатно ќе има пораст на бројот на заболени. Министерот Венко Филипче во „Утрински брифинг“ истакна дека се спремни за секое можно сценарио.
-Во соработка со амбасадорот на Кина, тој ја понуди нивната помош како од нивните експерти со разменување искуства со нашите епидемиолози, може да добиеме уште 200 машини од Кина. Не станува збор само за машини, мораме да ги спремиме и луѓето, бидејќи не секој знае да ракува со нив, рече министерот.