Фонд за ПИОСМ: Инвалидската комисија нема да работи до 24 март

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување ги известува граѓаните дека поради мерките за спречување на појава, рано откривање, спречување на ширење и инфекција со коронавирус, Инвалидската комисија на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, нема да врши лекарски прегледи до 24 март 2020 година.

За продолжување со работа на инвалидските комисии, велат од Фондот, граѓаните навреме ќе бидат информирани.

Од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ги информираат граѓаните ќе можат да ги достават своите барања за остварување на законските права преку електронска апликација, како и на шалтерите на Фондот.

Треба да знаете
Последни објави