Хајди Клум го бакнуваше својот сопруг преку стакло, додека ги чекаше резултатите од тестот

Манекенката Хајди Клум покажа дека е одговорна личност влегувајќи во изолација под сомнение дека има коронавирус.

Додека ги чекаат резултатите од тестот, таа и нејзиниот сопруг, музичарот Том Каулиц, држат растојание еден од друг, а манекенката им се обрати на своите обожаватели со трогателна снимка на „Инстаграм“.

„Ова е чудно време … но во овие моменти мора да запомниме што е важно, а тоа е да ги задржиме луѓето што ги сакаме и да бидеме безбедни“, напиша Клум под снимката, во која го бакнува Каулиц преку стаклото.

https://www.instagram.com/p/B9vJ3QvJy1c/

Таа забележува дека е од најголема важност луѓето да останат дома и физички да се одвојат од другите луѓе.

Пред неколку дена, Клум на социјалните мрежи објави дека не се чувствува добро и не може да се тестира за коронавирус во тој момент.

Клум се омажи за 16 години помладиот Каулиц минатата година во февруари.

Треба да знаете
Последни објави