Амазон во САД вработува 100.000 работници, не ги затвора магацините во Шпанија

Заради епидемијата на коронавирусот американските потрошувачи ги запоседнаа трговските центри и ги испразнија полиците со прехранбени и хигиенски потреби.

Испразнетите полици и стравот од нови построги мерки заради сузбивање на епидемијата од коронавирус, многумина Американци присили помош да побараат преку Интернет, односно компаниите за онлајн тргувања, каква што е и Амазон.

Амазон е една од компаниите најголеми работодавачи во САД, но бројот на работници сезонски варира. Во последниот квартал од минатата година, кога се разгоре божиќната потрошувачка, во неа имало 798.000 вработени, од кои дел биле вработени на одредено време, пренесе Хина.

Треба да знаете
Последни објави