Вархеји: Одлуката за пристапни преговори со Скопје и Тирана би била силна порака во овие кризни времиња

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска одржа видео-конференција со премиерите од Западен Балкан на која главна тема било ширењето на коронавирусот.

Како што објави на „Твитер“, Вархеји за време на повикот ја нагласил подготвеноста на ЕУ да го поддржи регионот во справувањето со епидемијата од коронавирус и нејзиното влијание особено од економски аспект.View image on TwitterView image on TwitterView image on Twitter

Тој посочил дека ЕУ се обидува да изнајде начини како најефикасно да го вклучи Западен Балкан во активностите кои се преземаат за соочување со заразата.

„Позитивна одлука за започнување на пристапни преговори со Албанија и Северна Македонија следната недела би бил важен сигнал за целиот регион во овие критични околности“, напиша еврокомесарот.

Треба да знаете
Последни објави