Новинарот на ТВ Клан, Фуркан Салиу сподели видео директно од аеродромот во Скопје, каде пред неколку часа слетаа патниците од Брисел.
Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата истакна дека дел од патниците имаат симптоми на корона вирусот, поради што истите ќе бидат тестирани, а сите ќе потпишаат дека во следните 14 денови ќе бидат во домашна изолација.
-Патниците кои пристигнаа вечерва од Брисел идат во карантин. Моментално се блокирани во Скопскиот аеродром и чекаат тестирање. Тоалетите на аеродромот немаат сапун. Патниците потпишуваат изјава со која се обврзуваат да седат 14 дена во карантин,- напиша Салиу на својот Твитер профил.
✈
Патниците кои пристигнаа вечерва од Брисел идат во карантин
Моментално се блокирани во Скопскиот аеродром и чекаат тестирање
Тоалетите на аеродромот немаат сапун
Патниците потпишуваат изјава со која се обврзуваат да седат 14 дена во карантин pic.twitter.com/omHyhvyFNI— FurKlan (@FurkanSaliu) March 17, 2020