Дегутантни се реакциите од СДСМ кои безочно си поигруваат и прават политика од здравјето на граѓаните, се вели во соопштение до јавноста од опозициската ВМРО ДПМНЕ како реакција на изјавата на Заев и соопштението на СДСМ.
-Во исто време кога Заев безочно лаже дека ја има состојбата под контрола и дека му било важно здравјето на граѓаните, партискиот прес центар пушта соопштенија со кој прстот за неспособноста го вперува во опозицијата. Но јавноста навикна на тоа дека СДСМ едно зборуваат, друго да прават.
Вистината е дека Заев си игра со животите на граѓаните и сака да печали поени од кризата со корона. Поважно му е да има вонредна состојба за да може со обична уредба да му помине законот за марихуана и други закони за заштита на личниот интерес, отколку да се прогласи кризна состојба за поголема ефективност во спроведувањето на мерките за заштита на здравјето на граѓаните и олеснување на кризата во бизнисот.
Вистината е и дека освен пи-ар и прес конференции на кои како спикери соопштуваат информации, суштински не се борат против санитарната, здравствена и економска криза.
Заев како многупати досега, ќе стане жртва на сопствениот пи-ар и ќе излаже на површина неспособноста на неговата влада.
Наместо бркање политички поени, треба да се спасува здравјето на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ нема да се впушта во таквата игра на ниски страсти на СДСМ и Заев.