Во Србија денеска до 18 часот регистрирани се вкупно 72 потврдени случаи на заразени со коронавирус, објави Министерството за здравство на сајтот „Ковид 19.рс”.
Од последниот извештај до денеска во 18 часот, тестирани се примероци на 39 лица, од кои седум се позитивни и 32 се негативни за новиот коронавирус.
Три лица со полесна клиничка слика се наоѓаат во домашна изолација, додека четири лица се задржани во болница, без компликации и со стабилна општа состојба.
До 18 часот, во националната референтна лабораторија на Институтот Торлак во Белград, вкупно се тестирани 374 лица.