Во Хрватска се потврдени уште девет случаи на заразени со коронавирус, така што вкупниот број на инфицирани се зголеми на 65 лица, изјави министерот за здравство Вили Берош.
Берош во телевизиска изјава рече дека досега се излекувани четворица пациенти.
Досега, повеќе од 800 лица биле тестирани за вирусот во Хрватска, додека 8.464 лица се под надзор.
Од друга страна, во Црна Гора сè уште нема пациенти со коронавирус, соопшти денеска Институтот за јавно здравје во оваа земја.
„Сите наоди, вклучително и вчерашните, се негативни“, рече епидемиологот Игор Галиќ.
Вчера биле тестирани 10 лица, а досега вкупно се направени 98 тестови.