Вучиќ: Ќе ѝ дадеме брашно на Македонија

Србија со брашно ќе ја помогне Северна Македонија, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на вечерашната прес конференција на која најави полициски час во Србија поради се полошата состојба со коронавирусот.

Вучиќ се пофали дека ретко која држава во ЕУ е подготвена како Србија во однос на резервите и снабденоста со храна во овие кризни периоди.

-Сигурно сме лидери во регионот, па вишокот на резерви ќе ги поделиме на дел од соседните држави, пред се Република Српска, и Босна и Херцеговина, но и Северна Македонија која побара брашно, а ние ќе одговориме позитивно на тоа, рече Вучиќ.

 

Треба да знаете
Последни објави