Делегацијата на ФФМ која беше во Амстердам го мина периодот на самоизолација без симтоми на коронавирусот

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини и потпретседателот на федерацијата, Лазар Ракиџиев без никакви симптоми на постоење коронавирус го минаа периодот од 14 денови (03. – 17. март) по присуството на Конгресот на УЕФА во Амдстердам.

Првите луѓе на македонскиот фудбал по препорака од Институтот за Јавно здравје минаа неколку дена во изолација откако беше потврдено дека претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија и неговиот заменик, кои исто така беа дел од Конгресот на УЕФА, се позитивни на коронавирусот SARS-CoV-2.

Без симптоми на коронавирусот по враќањето од Амстердам се и селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски и портпаролот, Златко Андоновски. Двајцата, по официјалната посета на тренинг центрите и сместувачките капацитети за ЕВРО 2020 во Холандија, пристигнаа во Скопје, ден подоцна од водечките луѓе на ФФМ.

Истовремено, Фудбалската федерација на Македонија преку генералниот секретар, Филип Поповски го информира целото фудбалско семејство дека „Куќата на фудбалот“ до 24. март 2020 година, односно до денот кога истекува предвидениот рок од македонската Влада за овозможување на право за отсуство од работа заради превенција од коронавирусот SARS-CoV-2, ќе работи ограничено во однос на човечките ресурси присутни во Фудбалската федерација на Македонија, односно само во исклучително потребни случаи, администрацијата на ФФМ ќе биде на работните места во федерацијата.

Треба да знаете
Последни објави