Кралот на Шпанија Фелипе VI веќе го потпишал Законот за ратификација на Пристапниот протокол за нашето членство во НАТО – соопшти со фејсбук статус Никола Димитров, министерот за надворешни работи на С. Македонија.
Со овој последен чин од Шпанија е отворен патот Северна Македонија да стане 30 членка на Алијансата. Претходно шпанските пратеници преку онлајн гласање му дадоа „зелено светло“ на членството на С. Македонија во НАТО. Шпанскиот Сенат едногласно го одобри Пристапниот протокол за членство на земјата во НАТО и покрај кризата со коронавирусот. Останува уште документот да биде ратификуван во американскиот Стејт Департмент.
Шпанија долго време не успеваше да го ратификува Протоколот поради политичката криза во земјата и неможноста да се формира влада и остана последна од земјите-членки на Алијансата кои го прават овој чин.