ЕУ ќе помогне за репатријација на граѓаните заглавени во Мароко

Европската Комисија соопшти дека се активираат механизмите за помош за репатријација на граѓаните на ЕУ кои повеќе денови веќе се заглавени во Мароко, јави дописничката на МИА од Брисел.

Еврокомесарот за хуманитарна помош, Јанез Ленарчич, изјави дека на барање на Австрија е активиран механизмот за цивилна заштита на ЕУ.

-Ќе сториме сѐ што можеме да ги поддржиме ЕУ граѓаните. Механизмот за цивилна заштита на ЕУ преку нашата служба 24/7 за итна помош за координација посредува за репатријација на над осумстотини граѓани на Европа од Кина, Јапонија, Оакланд, САД и сега од Мароко, рече Ленарчич.

Граѓаните се заглавени во Мароко поради коронавирусот и затворањето на мароканските аеродроми.

Истовремено високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, остварил телефонски разговор со мароканскиот министер за надворешни работи, Насер Бурита и изразил задоволство што е изнајдено решение и што ќе биде дозволено полетување од Мароко до 19 март.

Треба да знаете
Последни објави