Поминаа 20 години откако таа беше прогласена за најплатена манекенка во светот, на врвот на нејзината слава на модните писти.
Но, во понеделникот во текот на семејно патување во Костарика со сопругот Том Брејди и нивните две деца, прекрасната Жизел Бундшен докажа дека сè уште има неверојатно завидна фигура.
Додека се сонча на плажа, 39-годишната Жизел искористи време да упати порака на Инстаграм во врска со ширењето на новиот коронавирус ковид-19 во светски рамки.
Споделувајќи фотографија од себе и од плажата на зајдисонце, Жизел постираше порака на португалски и англиски јазик, искажувајќи го својот став за моменталната состојба во светот во врска со вирусот.
„Она што се случува во светот е крајниот потсетник дека сите сме поврзани едни со други, и она што ќе избереме да направиме ќе влијае на сите нас“, напиша таа. „Во овој момент на криза, треба да ја разбереме важноста на физичкото растојание. Треба да се заштитиме едни со други за да не се разболиме и за да останеме сите заедно во добро здравје.“