Инфантино: Треба да се помести и клупското СП

Претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), Џани Инфантино најави дека најверојатно ќе дојде до поместување и на клупскиот мундијал во 2021 година.
Првиот човек на ФИФА со ваква порака, откако УЕФА и КОНМЕБОЛ го поместија Европското првенство, односно Копа Америка за наредното лето поради пандемијата на коронавирус.
Инфантино за утре најави видео конференција на која треба да бидат усвоени промените во натпреварувачкиот календар. За новиот формат на клупското Светско првенство рече дека „може да се воведе и подоцна, во 2021 година, во 2022 година или во 2023 година”.
Светското клупско фудбалско првенство, според првичниот план, треба да почне на 17 јуни во 2021 година во Кина.
Треба да знаете
Последни објави