– Комората на извршители на Република Северна Македонија (КИРСМ) , согласно дополнителните препораки и мерки од Владата на РСМ, донесе дополнителни препораки и мерки со цел превенција од ширење на Ковид -19.
– На влезот на секоја извршителска канцеларија да се постават средства за дезинфекција и секој вработен да врши дезинфекција, да не се врши прием на странки додека траат мерките за превенција донесени од Влада на РСМ, за дополнителни информации сите странки да се обраќаат во канцелариите на извршителите по телефон или по електронска пошта. Повеќе информации за граѓаните се достапни на следниов линк http://kirm.mk/?cat=8, се наведува во соопштението од Комората на извршители.
Секој извршител, како што посочуваат од Комората, доколку е во можност во соработка со доверителите да го одолжат спроведувањето на попис, процена и пленидба на предметите, како и извршување на недвижности и одлагање на одржување на продажби во канцелариите.
– Секој извршител доколку е во можност во соработка со доверителите да донесат Заклучок за запирање со извршување за извршување врз побарување по сметка кај банка на физичко лице со цел да им се овоможи на граѓаните на РСМ набавка на основни средства за живот како и во периодот додека се на сила мерките од Владата на РСМ да не издаваат Налози за извршување врз побарување по сметка кај банка на физичко лице доколку извршувањето можат да го спроведуваат со друго средство за извршување, се посочува во соопштението.
Од Комората на извршители препорачуваат да се ослободат од работа бремените жени и лица со хронично респиратони заболувања.
Канцелариите на извршителите и Комората на извршители на РСМ додека траат мерките за превенција од Ковид- 19 донесени од страна на Влада на РСМ да работат со скратено работно време
Комората на извршители им препорачува на извршителите и вработените во нивните канцеларии, како и на Комората на извршители на РСМ доследно да ги почитуваат мерките донесени од Влада на РСМ донесени на 20 – та седница со кое се препорачува на Нотарската комора, Адвокатската комора како и на Комората на извршители да ги спроведуваат сите мерки, заклучоци и препораки донесени од страна на Влада на РСМ, како и да се придржуваат до препораките на претседателот на КИРСМ Зоран Димов, донесени во консултација со членовите на Управен одбор на КИРСМ.