Орландо Блум живеел во целибат шест месеци пред да започне врска со Кети Пери

Актерот Орландо Блум (43), кој неодамна дозна дека ќе добие дете со пејачката Кети Пери, открива дека подолго време се воздржувал од секс, односно тој апстинирал шест месеци пред да започне врска со 35-годишната поп ѕвезда во јануари 2016 година.

Ѕвездата на „Пиратите од Карибите“ му кажал на својот пријател Лард Хамилтон дека не се чувствува среќен, а неговиот пријател предложил да се обиде со целибат. Апстиненцијата го направила Орландо подобар во односот со жените и со женственоста генерално, иако признава дека целибатот не е здрав и не би го препорачал на друг.

Во интервју за весникот „Сандеј тајмс“, тој вели: „Лајрд рече ако сакам да имам сериозна врска, пробај да живееш без секс неколку месеци и сфати го тоа.“

„Престанав со вообичаената рутина да одам на забава и да размислувам кого ќе сретнам. И наеднаш станав поинаков… и почнав да се прашувам дали воопшто можам да имам врска со жена која е само пријателка“.

“Се воздржував три месеци, но навистина уживав во начинот на кој се поврзав со жените и со женското во себе,“ вели актерот, и додава дека претходно не бил во состојба да оствари пријателства со жени бидејќи се завршувало со секс.

Орландо и Кери беа во врска 10 месеци, потоа се разделија на кратко. Љубовта повторно ги спои во 2017 година, а на Денот на вљубените (14 февруари) британскиот актор го постави прашањето.

Минатиот месец Кети Пери преку видео запис објави дека е бремена.

 

Треба да знаете
Последни објави