Пукано во скопјанец во „ауди“, избегал, па со „мерцедес“ сакале да му го попречат патот

На 16.03.2020 во 20.42 часот во СВР Скопје, А.Е.(21) од Скопје пријавил дека околу 20.30 часот на автопат во близина на бензинска пумпа во с.Идризово, додека управувал патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, во кое сопатници биле А.Ч.(23) и Х.А.(21), и двајцата од Скопје, кон нивното возило било пукано од огнено оружје од непознато лице, кое било во патничко возило „ауди А8“, со скопски регистарски ознаки.

Набрзо, на бул.„Никола Карев“ патничко возило „мерцедес“ со удар се обидело присилно да го запре возилото на пријавителот, кој успеал да го напушти местото на настанот. Повредени лица нема, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Од МВР информираат дека сличен инцидент вчера околу 20 часот во Полициска станица Ѓорче Петров, пријавил С.Р.(29) од село Кондово.

Според него, околу 17.40 часот на крстосница од ул.„Радушка“ и ул.„Борис Сарафов“, додека управувал со патничко возило „опел“, со скопски регистарски ознаки, бил пресретнат од патничко возило „пежо“, со непознати регистарски ознаки, управувано од Д.Н., при што по претходна расправија поради недоразбирање во  сообраќајот, Д.Н. извадил пиштол и почнал да упатува навреди и закани кон пријавителот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави