Администрацијата на Општина Гостивар ќе работи со скратено работно време до 24 март.
Како што најавија од општината, согласно препораките, тие ќе работат од 8 до 13 часот со полн капацитет, а од 13-16 часот ќе има само дежурен во Информативниот центар.
„Ги молиме граѓаните на Општина Гостивар да го почитуваат скратеното работно време, односно да не излегуваат надвор без потреба, а општинската администрација да ја посетуваат само за предмети кои се итни и неодложни предмети. Општина Гостивар Ви се заблагодарува за разбирањет и ве повикува да се придржувате до препораките. Јавното здравје е заедничка одговорност на сите нас“, велат од општината.